Безбедно плаќање со картички
Онлајн плаќања за веб-продавници и апликации
Онлајн плаќањата на Монри ви овозможуваат брза и едноставна наплата со дебитни и кредитни картички на сите онлајн продажни места со максимална сигурност.
Со решенијата на Монри за онлајн плаќање добивате
1
Стабилен, регионален партнер за развој на вашата онлајн продажба
2
Максимална безбедност на плаќање (Ниво 1 на PCI DSS, ускладеност со PSD2, Trides2)
3
Можност за онлајн плаќање на рати преку различни банки
4
Поддршка за време на имплементацијата и локална поддршка по телефон или е-пошта
Дополнителни функционалности:
Испраќање линк за плаќање
Брза и едноставна наплата преку линк. Трговецот може да креира налог за плаќање за продажба на добра или услуги договорени преку било кој канал, е-пошта, социјални мрежи или преку телефон. Идеално за мали трговци кои немаат развиена веб-продавница, вкрстена продажба и продажба на дополнителни производи (cross-selling и up-selling). Нудиме различни услуги во зависност од вашите потреби.
Криптирање и чување на податоци
Овозможете купување на својата веб-продавница или аликација со само еден клик. Токенизацијата овозможува зачувување на криптирани податоци од картичката без можност за пристап до оригиналните податоци. Идеално за повторувачки трошоци (претплата) или чести трошоци (такси услуги, нарачки на храна итн.)
Организирање на промотивни кампањи
Трговците имаат целосна слобода во креирањето на промотивни погодности за своите купувачи. Овој модул овозможува да дадете попусти на купување по различни параметри, на пример: попуст на одреден производот или на целосниот износ на сметката, попуст на одреден начин за плаќање или токенизирана картичка, картична шема итн.
Едноставна и сигурна наплата
- Администраторски интерфејс
Пријавете се онлајн на порталот од кој било уред и проверете го статусот на својата нарачка, управувајте со своите трансакции (сторно, комплетирање нарачка или поврат), генерирајте и преземете извештај од направените трансакции кои можете да ги поставите во ERP системот.
- Извештај и статистика
Извештаите може самостојно да се генерираат и преземат преку администаторската контролна табла (можност за внесување во ERP системот)
- Контрола и превенција на ризик
PCI DSS е збир на правила што постојано се надополнуваат низ годините, и со нив се регулира како и под кои услови учесниците во процесот на наплата со картички можат да управуваат со чувствителни податоци за картичките.
Контактирајте неВидови на формулари за плаќање
iFrame/скокачки (pop-up) прозорец
Образецот за плаќање ќе се појави како дополнителен прозорец додека корисникот ја користи веб-продавницата и ќе се исклучи по успешно плаќање.
Пренасочување на Монри
Купувачот се префрла на безбедна страница на Монри на која може да го изврши плаќањето, а потоа се враќа на веб-страницата на трговецот.
Персонализиран образец
Овој вид на образец е целосно прилагоден на дизајнот на веб-продавницата бидејќи е интегрален дел од неа и корисникот останува во истото окружување. Препорачан е поради најдобро корисничко искуство и поради намалувањето на стапката на откажување од купување и плаќање!
Android и iOS SDKS
Благодарение на нашите готови решенија, интеграцијата на нашите обрасци на плаќање во апликациите на мобилните уреди е брза и едноставна.
Со интеграции до полесна и побрза употреба
Системот за онлајн плаќање на Monri е веќе поврзан со водечките системи за резервации на хотели и системи за управување со канали (booking и channel manager системи), а ние нудиме plug-in за plug & play интеграција на за најпознатите платформи за веб-продавници.
Дополнително, нудиме и интеграции за:
- Доставни служби (картичка при испорака/ card on delivery)
- Rent-a-car (можност за поврзување на системот со POS уред)
- Marketplace решенија (за општини и градови)
Брзо и едноставно до онлајн плаќање преку Монри
1
Изберете банка-прифаќач (или повеќе банки-прифаќачи). Монри со задоволство ќе ве посоветува и ќе ви помогне со потребната документација.
2
Интегрирајте го системот и тестирајте ја функционалноста без дополнителни трошоци. Сè се одвива брзо и лесно со помош на нашиот професионален тим.
3
Потпишете договор со Монри и со одбрана банка преку која ќе се одвива наплатата
4
Подготвени сте да прифатите трансакции за наплата во вашата веб-продавница!
Опции за наплата кон
банките-прифаќачи
- Можност за отплата на рати во зависност од картичката и банката
- Процесираме наплати преку повеќе прифаќачи на картички и во повеќе валути
- Ценовникот на Монри за онлајн плаќања е модуларен и флексибилен
Минималната месечна претплата е 25 евра или 0,50 % од вредноста на трансакцијата.
Контактирајте неЦеновник за решенијата на Монри за онлајн плаќање
Интеграција на веб-продавницата со рayment gateway системот
0 евра
Надомест за користење на системот
0 евра
Провизија по трансакција:
0,50 % од вредноста на наплатена трансакција
Поддржани картички
кредитни и дебитни
Прилагодување на авторизациската страница со дизајнот на вашата веб- продавница
ДА
Бизнис надвор од Македонија
ДА
Минимална месечна претплата
25 евра
Годишен надомест
0 евра
*За стандардна услуга поврзување со онлајн POS
Често поставувани прашања
Со кои системи се поврзани решенијата на Монри за онлајн плаќања?
Системот за онлајн плаќање на Monri е веќе поврзан со водечките системи за резервации на хотели и ситеми за управување со канали (booking и channel manager системи), како што се PHOBS, Rentilo, Direct booker, EZ Booker и Nakumo, што овозможува едноставен и брз почеток на работа без процес на интеграција.
Plug & Play интеграција со платформи за веб-продавници преку приклучоци: Shopware, Magento, Woocommerce/WordPress, Pretashop, Opencart.
Кои се предуслови за користење на Монри Payment Gateway системот?
За имплементација на последователни плаќања, потребно е да се има веб-продавница или апликација. Ако немате веб-продавница и не планирате да ја разработите, а сакате на своите купувачи да им овозможите онлајн плаќање со картичка, имаме и такво решение (доколку банката поддржува).
Ве молиме да нѐ контактирате преку образецот за контакирање како би можеле нашите продажни претставници да ви се јават и да ви дадат понуда и потребни формулари за користење на нашите услуги. Напоменуваме дека е потребно и да одберете банка преку која ќе се одвиваат плаќањата.
Кога ќе бидат подготвени сите документи, почнуваме со интеграција на обрасците за плаќање, кои потоа ги тестираме и ги прегледуваме страниците а потоа сте спреми и за работа.
Која е цената на услугата?
Минималниот месечен надомест е 25,00 евра +ДДВ и зависи од бројот на трансакции и волуменот на прометот со картички. Се плаќа во рок од 7 дена од активацијата на првите продукциски параметри.
Во цената на услугите на Монри за онлајн плаќање се вклучени сите методи на плаќање (Aircash, Google Pay, KeksPay, PayCek за криптовалути, PayPal) како и опции за плаќање токенизација и виртуелен POS ако се договорат и активираат веднаш. Ако се договорат накнадно, ќе бидат фактурирани во склад со актуелниот ценовник.
Колку е времетраењето на услугата и како може да ја откажам?
Услугата вреди една година од датумот на активирање и се договара на неодреден период со договорен отказен рок.
Во кој рок ќе ги добијам потребните податоци за активирање на услугата?
Сѐ што е потребно за да се поврзете на системот на Монри за онлајн плаќање ви доставуваме по исполнување на онлајн барањето во зависнот од одбраните услуги.
Дали треба да договорам прифаќање на картички со сите банки или само со една?
Во зависност од вашите желби, може да биде една или повеќе. Онлајн плаќање со картички може да договорите со следните банки: Комерцијална Банка Скопје, НЛБ Банка Скопје, Халк Банка Скопје, Стопанска Банка Скопје, Уни Банка
Потребно е да потпишете договор со минимално една банка, како би можеле да направте поврзување и активирање на онлајн плаќање со картички.
Дали јас морам да одам во банка или вие го решавате тоа?
Потребно е да се обратите до минимум една од банките во Македонија кои овозможуваат e-commerce.
Кој врши уплати на мојата сметка?
Банките со кои имате договорено онлајн плаќање, во зависност од процесорот преку кој е плаќањето извршено. Напоменуваме, Monri Payments не врши уплати и нема увид кога вашите средства ќе легнат на вашата сметка. Овие услови се стриктно договорени со банката.
Може ли еден профил да биде валиден за повеќе веб-продавници ако се работи за ист трговец?
Не. Еден домен подразбира едно продажно место; според тоа, еден профил подразбира едно продажно место. Ова не е само наша одредба, туку и одредба на банките, затоа што кога се аплицира за MasterCard и Visa генерално, се пријавува интернет адреса на продажното место и се доставуваат параметри за активација.
Ако барања за наплата дојдат од повеќе интернет адреси за активните параметри, 3D secure ќе ги одбие за време на автентикацијата за наплата, затоа што доаѓаат од непријавени интернет адреси.
Ако една компанија има повеќе веб- продавници, потребно е за секоја веб-продавница посебно да направи пријава и договор. Исклучок е ако се работи за поддомени; единствено тогаш можно е да се користи еден ShopID за секој поддомен (макс.5)